Во текот на денешниот ден (20.01) – четврток, околу 10:30 часот во населбата Бунарџик случаен минувач осетил мирис на марихуана и воочил момче вработено во една од фирмите како ја конзумира за време на работната пауза. Сторителот по безбедносните камери е препознаен како Ф.Ѓ од н. Кисела Вода. Случајот е пријавен во СВР Скопје, од каде велат дека ќе бидат преземени соодветни мерки за расчистување на случајот.